Мегафон
ѕвездата е родена?

Елена Миленковска „растури“ на „Ѕвездите на Гранд“: Најдоброто од Македонија досега…! (ВИДЕО)

Елена Миленковска „растури“ на „Ѕвездите на Гранд“: Најдоброто од Македонија досега…! (ВИДЕО)

Македонската поп пејачка Елена Миленковска дебитираше во мрегионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ на најдобар можен начин. Таа пееше по една песна од Марија Шерифовиќ и Тамара Тодевска. Токму Шерифовиќ  искоментира дека таа е храбра девојка, бидејќи нејзините песни се навистина тешки за пеење.

Сите членови на жирито, беа единствени  дека таа е досега најдоброто нешто од Македонија, а самиот Саша Поповиќ го потврди тоа, коментирајќи дека во неа гледа целосен пакет.

Пејачката не беше поштедена ни од новинарите ширум Балканот, кои пишуваат дека комплетниот пакет доаѓа од Македонија и ако продолжи вака, сигурно ќе ја видиме во финале.

Елена зад себе има веќе неколку поп хитови, кои се вртат по радио станиците а пред минатата година беше прогласена и за македонска пејачка со најголем подем во кариерата, освојувајчи ја наградата „Ѕвезда што се раѓа“ на македонскиот Радиски фестивал „МАРС“!

Очигледно таа и овој пат сериозно си ја сфатила работата и судејќи според коментарите, ќе направи се’ да ја видиме во самото финале.

Погледнете го настапот на Елена,веднаш на самиот почеток од емисијата.