Радио Милева
роденден мала забава

Елена и Гуте за првиот роденден на синчето направија прослава како детска бајка (фото)

Елена и Гуте за првиот роденден на синчето направија прослава како детска бајка (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/елена миленковска

Познатиот пар од „Ѕвездите на Гранд“, македонската пејачка Елена Миленковска и нејзиниот сопруг, Гуте Маринковиќ деновиве имаа убав повод за славење.

Имено, нивниот син неодамна наполни една година. Тогаш Елена на социјалните мрежи со емотивна порака се обрати за својот наследник.

Меѓутоа, сега пејачката на социјалните мрежи се пофали со дел од роденденската прослава на синчето Максим која наликува на детска бајка.

фото: принтскрин/инстаграм/елена миленковска

Имено, Елена и Гуте направија помала прослава на отворено во кругот на најблиските.

Белата боја преовладуваше во декорацијата, а имаше и разни декоративни колачиња.

Миленковска за ова прилика се одлучи за сина модна комбинација, а Максим исто така беше во сино комплетче.

Сигурно си поминале убаво и незаборавно, а од приложеното може да се забележи дека прославата изгледала на мала детска бајка.

Инаку, Гуте и Елена се запознаа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Во јануари претходната година се внечаа, а во јуни станаа родители.

Останати вести од Радио Милева