Радио Милева
Еден до друг

Елегантно, едноставно и без титула: Вака изгледа вечното почивалиште на кралицата Елизабета Втора (фото)

Елегантно, едноставно и без титула: Вака изгледа вечното почивалиште на кралицата Елизабета Втора (фото)

Кралицата Елизабета Втора беше погребана во понеделникот, а последното нешто што го видовме беше нејзиниот ковчег спуштен во криптата на капелата Свети Џорџ во Виндзор.

Семејството се прости од неа вечерта, на интимна церемонија.

Големата владетелка почива покрај нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, мајката Елизабета и сопругот Филип. Нивните имиња, без никакви наслови, се издлабени со златни букви на правоаголна плоча од црн мермер. Само години на раѓање и смрт. Џорџ, па Елизабет, па нивната ќерка и зет. Едноставно и елегантно.

Помеѓу двата пара стои амблемот на витешкиот ред, најстариот и најблагородниот во кралството, чии членови биле сите.

На фотографијата која ја објави „Дејли мејл“ се гледаат неколку венци. Меѓу нив е и оној што го красеше ковчегот на Елизабета на денот на нејзиниот погреб, направен по наредба на нејзиниот син Чарлс.

Фото: Jane Bown/Getty Images

Останати вести од Радио Милева