Радио Милева
моменти

Ела Дворник откри што направиле нејзините ќерки по долго време: „Толку е убаво!“ (фото)

Ела Дворник откри што направиле нејзините ќерки по долго време: „Толку е убаво!“ (фото)

Ела Дворник (31) на своите следбеници им откри како нејзините ќерки Бали и Луми после долго време заспале попладне.

– Ретко се случува некој од нив да заспие попладне. И тоа е толку убаво. Живеам во моментот – напишала Ела со фотографијата.

Додека нејзините ќерки спиеле, Ела се препуштала на уживање. Легнала на креветот и веднаш направила селфи за Инстаграм.

Таа неодамна ги извести и своите следбеници како ја отстранила тетоважата на грбот. Покажа како изгледа целиот процес, а откри и зошто се одлучила на тоа.

– Одам на вториот третман за отстранување тетоважа. Никогаш не сум објавила фотографија како изгледа сега после еден третман, па со оглед на тоа што е релевантна тема, ќе ви дадам малку повеќе детали за тоа како изгледаше порано, каков беше процесот, болка, времетраењето – започнала Ела и покажа како изгледала тетоважата порано и како изгледа сега.

– Болката е 10/10, нема да ве лажам па да ме пцуете таму кога ќе ја вадите. Ова е фотографија од утрово. Како што можете да видите, многу помина со еден третман па вредеше болката – истакна таа.

Еден од следбениците ја прашал Ела зошто решила да ја  отстрани тетоважата, а таа одговорила: „Па, грда е како смрт. Нема друга причина“.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Ела Дворник

Останати вести од Радио Милева