Живот и Стил

Експертите предупредуваат на често занемарен симптом на дијабетес

Експертите предупредуваат на често занемарен симптом на дијабетес

Според едно неодамнешно истражување, кај лицата кои боледуваат од дијабетес постои ризик од проблеми со забите, а вaквиот проблем е за околу 20 отсто поголем кај оние кои не водат доволна грижа за својата состојба.

Дијабетичарите имаат поголема веројатност да развијат кариес бидејќи глукозата која циркулира во крвта, ги поддржува бактериите во устата кои ослободуваат деминерализирачки киселини. Тоа би можело да биде причината за зголемување на ризикот од расипување и губење на забите.

Истражувачите истакнуваат дека дијабетесот го зголемува ризикот од орални болести.

„Постојат различни познати компликации кои се разгледуваат при лекување дијабетес вклучувајќи невропатија, нефропатија, кардиоваскуларни болести, хипертензија и болести на бубрезите. Меѓутоа, хронична компликација од оваа болест која може да биде помалку воочлива е пропаѓањето и загубата на забите што исто така може да ги влоши и другите состојби“, вели авторот на анализата, Абдолхалим Рајаби за „Medscape News“.

Наодите истакнуваат потреба докторите да обрнат внимание на здравјето на усната шуплина и забите на пациентите со дијабетес.

Компликациите обично вклучуваат сува уста, кариес и пародонтална болест, што може да доведе до губење на забите во тешки случаи. Се проценува дека околу една третина од пациентите со дијабетес страдаат од орални проблеми како резултат на лошата орална хигиена.

извор:точка.ком.мк