Љубов и Секс

Експерт за врски советува како да се ослободите од љубомората

Експерт за врски советува како да се ослободите од љубомората

Правилна доза на љубомора во врската може да биде корисна, па дури и симпатична, но ако се претера, преминува во опасност.

Љубомората е резултат на низа од емоции и настани. Некогаш ние сме љубоморни, а некогаш некој друг е љубоморен поради нас. Често ова чувство се поврзува и со несигурноста и ниската самодоверба, а доколку не се спречи навреме, животот го претвора во катастрофа.

Љубомората, исто така, се појавува во сите односи со луѓето, а не само во љубовните. Некогаш тие емоции се премногу за личноста, па се повлекува. Но, наместо да го прави тоа, потребно е да се размисли со ладна глава, бидејќи може да се изгуби значајна личност.

Ова се пет ефикасни начини да се изборите против болната љубомора, за да можете да уживате во некој однос, наместо воопшто да го немате:

Поголема самодоверба

Најчеста причина за љубомора е ниската самодоверба, а самата љубомора уште толку ја турка пониско, па личноста влегува во еден навидум безизлезен круг.

Најважно е да се открие причината што доведува до лошата самодоверба и да се почне со нејзино разрешување.

Отворен разговор

Ако дозволите на љубомората да тлее во вас, набрзо таа ќе ја преземе контролата врз вашата врска или пријателство.

Ослободување на потиснатите емоции

Наместо да ги потиснувате чувствата мислејќи дека така се ослободувате од нив, дозволете да излезат од вас и кажете му на партнерот. Само така ќе можете пореално да согледате дали има основана причина зошто сте љубоморни.

Анализирајте ја ситуацијата

Најчесто, причините за љубомора се површни или се последица на нешто што сте го превиделе. Не секое доцнење со одговор на порака или заборавање на некој датум треба да биде причина за љубомора. Размислувајте со ладна глава.

Работете на искреноста и довербата

Било да се работи за пријател, партнер или каков било облик на меѓусебен однос, нештата треба да бидат отворени од самиот старт. Така, нема премолчување, нема заобиколување, нема потиснување на чувства, па нема да има ни основа на љубомора. Поставете се така и побарајте го истото и од другата страна.

извор:курир.мк