Љубов и Секс

Едноставни совети за успешен прв состанок: Следете ги правилата

Едноставни совети за успешен прв состанок: Следете ги правилата

Веќе на првиот состанок може да ги елиминирате додворувачите кои не ги исполнуваат условите.

Доколку запознаете некој претендент за врска, дружење, брак, тогаш веќе на првиот состанок покажете дека сте дама со јасен став.

Овие пет совети ќе ви помогнат во важиот живот да влезе вистинскиот:

Покажете вистински став и искрено мислење – не треба да ви биде непријатно ако не размислувате на ист начин како и личноста од другата страна, со самото тоа брзо ќе воочите дали имате ист поглед кон иднината.

Бидете свои – ако доживеете несмасни шеги, индискретни прашања или непријатност во декот на средбата, со сталоженост и со одмерени одговори ставите до знаење дека момчето не е пристојно, и со својот став ќе го посрамотите.

Зборувајте за своите таленти и работни ангажмани – со овие теми ќе ги покажете своите вештини, самосвесност, независност, а со тоа ќе и укажете на личноста дека не сте дама за забава и површни односи.

Избегнувајте теми околу поранешните врски – искуствата за некогашните љубовни врски може да тргнат во погрешен правец, а во вам да разбудат стари рани кои може да имаат впечаток дека сте посесивна дама, а тоа никому не оди кон целта.

Распрашувајте се за музика, патувања, друштвени теми… – тие ќе ви откријат дали е момчето емпатично, сестрано или сонувач.