Живот и Стил

Една секое утро на празен стомак го забрзува метаболизмот и го топи салото

Една секое утро на празен стомак го забрзува метаболизмот и го топи салото

Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена алтернатива за обичниот шеќер. Лесно се варат и го намалуваат чувството на глад, а по својот состав се вистинска природна мултивитаминска „таблета“ која можат да ја консумираат и деца и возрасни.

Од анемија преку висок крвен притисок, холестерол па сè до рак – речиси и да нема болест која не може да се лекува со урми, а многу експерти советуваат дека треба редовно да ги консумирате.

Анемичните пациенти треба да јадат што повеќе урми, бидејќи тие се одличен извор на магнезиум.

Урмите содржат и калиум, кој е корисен за ублажување на дијарејата. Освен тоа, овој плод помага во побрзо обновување на цревната флора, а со редовната консумација ќе им олесните на цревата да создаваат добри бактерии.

Консумирањето урми 4 недели пред породувањето може да ги олесни породилните болки кај мајките и да го намали крварењето. Жените кои пред породувањето јаделе урми, се породиле полесно и побрзо за разлика од оние жени кои не го јаделе ова овошје.

Поради високиот процент на хранливи материи, урмите предизвикуваат чувство на ситост и го олеснуваат слабеењето. Ако јадете урми на празен стомак, тие ќе ја регулираат работата на цревата и ќе му го обезбедат потребниот шеќер на организмот.

Лицата со слабо срце можат да го користат ова неверојатно овошје – потопете ги урмите заедно со семките во вода, а наутро отстранете ги семките, сомелете ги во блендер заедно со водата и консумирајте неколку пати дневно за зајакнување на срцето.

Исто така, урмите имаат способност да го намалат нивото на лошиот холестерол во телото.

извор:точка.ком.мк