Вистаграм

Една од главните атракции на шармантниот остров – медитеранскиот базен на богови

Една од главните атракции на шармантниот остров – медитеранскиот базен на богови

Грчкиот остров Тасос го крие еден од најубавите природни базени којшто е споен со морето.

Плажата Гиола освен што ја нарекуваат природен базен, исто така ја нарекуваат и природна морска лагуна во карпи, а оние кои ја посетиле велат дека тоа е природно џакузи на Тасос.

Со зборови не може да се опише убавината која ја формираат брановите, карпите и природниот базен во облик на солза којшто се нарекува Гиола, познат и како „солзата на Венера“.

Според митологијата, природниот базен го создал Зевс за Афродита, божицата на убавина и љубовта во него да се капе, а според древните приказни, Тасос бил и остров на сирените од кој жените со опашка на риба и со прекрасен глас ги повикувале и ги мамеле морнарите.

Базенот којшто е еден од посебните атракции на Тасос е долг околу 20 метри и со тесен премин е поврзан со морето.

Околу базенот нема песок, а ниту сенка поради што најдобро време за капење во него е наутро или пак во попладневните часови.

Доколку сакате да го избегнете метежот, најдобро е да појдете таму во околу осум часот наутро, а веќе еден час подоцна околу базенот едвај се наоѓа место. Многумина скокаат во базенот од околните карпи кои се високи до осум метри, што е една од омилените активности.

А, доколку огладнете во близина на базенот ќе најдете мала таверна со разумни цени каде може да изберете некое традиционално, медитеранско јадење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by k.chr.geo_ (@k.georg.29)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Łukasz Leder (@fotkizdrona_pl)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gaby Blondu (@blondu84)

Извор: Точка.мк

Останати вести од Вистаграм