Живот и Стил

Една грешка при спиењето влијае на лошиот сон: Еве што е клучно за ноќ без будење

Една грешка при спиењето влијае на лошиот сон: Еве што е клучно за ноќ без будење

Ако се обидувате да спиете 7 часа секоја ноќ и сакате да не се будите, постојат неколку начини на кои можете да го постигнете тоа.

За почеток, не гледајте во телефон најмалку еден час пред спиењето и избегнувајте консумација на кофеин доцна попладне и навечер. Она што е една од клучните работи е и тоа дека вашата спална соба би требало да биде што потемна.

Вашето опкружување за спиење би требало да биде темно за оптимален одмор, според неодамнешната студија објавена во научното списание „PNAS“. Истражувачите за спиење на Медицинскиот факултет Фајнберг при Универзитетот Норвестерн откриле дека изложувањето на дури и мала количина на амбиентално светло во текот на ноќта може да биде штетно за кардиоваскуларните функции додека спиете и ја зголемува отпорноста на инсулин следното утро, пренесува „Real Simple“.

Прекумерното изложување на вечерно светло може негативно да влијае на метаболитичките функции. Нашиот мозок користи присуство на светлина како сигнал дека е време да бидеме будни и внимателни, а темнина како сигнал дека е време да се „исклучиме“ и да спиеме. Изложувањето на светлина го активира нервниот систем и го зголемува бројот на отчукувања на срцето, така што сме подготвени за денот.

Од друга страна, во текот на ноќта парасимпатичниот нервен систем, нашиот систем за одмор и варење, треба да ја презеде водечката улога, промовирајќи опуштање, намалување на отчукувањата на срцето и одржување на здрав метаболизам.

„Вашите очи се во директна врска со дел од мозокот кој го контролира циркадијалниот ритам. Ако постои значајна количина на светлосни препреки во време кога вашето тело се обидува да заспие, тоа може да предизвика лош сон или нездраво програмирани циклуси на спиење, што може да доведе до значаен број на други медицински проблеми“, велат авторите на студијата.

Што можете да преземете?
– Обидете се да не заспивате со вклучен телевизор

– Исклучете ги или отстранете ги сите уреди кои создаваат непотребно светло

– Поставете завеси на прозорците за да ја намалите светлината однадвор

– Носете маска за спиење

извор:точка.ком.мк