Радио Милева
среќен роденден

„Една година радост“: Водителката Александра Илиевска го прослави 1-иот роденден на ќеркичката (фото)

„Една година радост“: Водителката Александра Илиевска го прослави 1-иот роденден на ќеркичката (фото)

Водителката Александра Илиевска во јануари претходната година за првпат се реалзираше во улогата на мајка.

Имено, Александра и нејзиниот сопруг Александар ја добија ќеркичката Сара. Водителката е активна на социјалните мрежи, па често знае да сподели фотографија со својата наследничка, да покаже како го поминува времето со неа, но досега го нема покажано нејзиното лице.

Овојпат, Илиевска има убав повод за славење. Имено, таа и сопругот го прославија првиот роденден на Сара.

По тој повод, водителката на „Инстаграм“ сподели фотографија на која позира покрај новогодишната торта во друштво на ќеркичката Сара и сопругот Александар.

Илиевска ја покажа и роденденската торта на која има и свеќичка со број 1.

За потсетување, Александра Илиевска беше водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, но откако остана бремена таа замина на породилно отсуство и направи пауза од ТВ екраните.

По враќањето, Александра стана дел од тимот на утринската програма на Канал 5 телевизија.

фото: инстаграм/aleksandra_panovska_ilievska

Останати вести од Радио Милева