Радио Милева
на романтична вечера

Еден детаљ ги разоткри: Третата сестра од Родиќ сепак е во емотивна врска со синот на познатата пејачка?

Еден детаљ ги разоткри: Третата сестра од Родиќ сепак е во емотивна врска со синот на познатата пејачка?

Последната објава на социјалните мрежи, од неомажената сестра од Родиќ, Наташа Родиќ повторно ги подгреа приказните дека е во врска со Јован Пејиќ, синот на Злата Петровиќ и водителот Зоран Пејиќ Пеја.

Имено, Родиќ откри дека е во емотивна врска така што објави детали од романтична вечера со личност чиј идентитет не сакаше да го открие.

Партнерот со кој Родиќ била на вечера носи часовник ист каков што носеше и младиот Пејиќ, па започнаа шпекулации дека тие се во емотивна врска.

Инаку, медиумите веќе пишуваа дека Наташа и Јован се заедно, но таа ги демантираше овие тврдења велејќи дека само се пријатели.

Сестрите на Наташа, Богдана и Бојана се омажени со синови на познатите пејачки.

Богдана е во брак со синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, а Бојана е во брак со синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан,а изгледа и Наташа го „смува“, синот на Злата Петровиќ.

Младиот Пејиќ важи за скромно момче кое работело во дуќан за 16 000 денари.

„Јован веќе 9 месеци работи во тој трговски центар. Не сакав да зборувам за тоа, но кога веќе дознавте, морам да се пофалам. Што да ви кажам освен тоа дека сум горда на него. Сам одлучи да се вработи и заработува. Тој е еден од најдобрите студенти, сите му се 9ки и 10ки. Пеја и јас можеме да му купиме се што ќе посака, но тој си има свои пари. Наскоро ќе заврши втора година на факултет и успева да постигне“, вели Злата.

фото: Инстаграм/мисс.родиќ/пејиќ_јован

Останати вести од Радио Милева