Радио Милева

Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс“ доживеа мозочен удар

Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс“ доживеа мозочен удар

Американскиот телевизиски и филмски актер Лук Пери, најпознат по улогата на Дилан Мекеј во телевизиската серија „Беверли Хилс 90210“, итно е хоспитализиран откако доживеа тежок мозочен удар во својот дом во Лос Анџелес.

Моментално состојбата на актерот не е позната, а неговиот портпарол изјави дека Пери се наоѓа на интензивна во болница, пренесува порталот Кликс.

Во Беверли Хилс, серијата популарна во 90-тите, Пери го играше ликот на Дилан. Неодамна во ЛА ја снимаше серијата „Ривердејл“.

Пери мозочниот удар го претрпел истиот ден кога телевизиската мрежа „Фокс“ службено потврди дека ќе се снимаат нови епизоди на „Беверли Хилс“.

Останати вести од Радио Милева