Мегафон

Џонсон Мети со најбројна спортска екипа на Wizz Air Скопски маратон 2021

Џонсон Мети со најбројна спортска екипа на Wizz Air Скопски маратон 2021

Повеќе од 350 вработени лица од компанијата Џонсон Мети беа дел од овогодинешниот Wizz Air Скопски маратон 2021. За менаџментот на компанијата, ова е само доказ дека вработените трчаат за своето здравје и за поддршка на корпоративното мото за подигнување на свеста за здравјето и безбедноста „Безбедноста на прво место – Безбедни на работа – Безбедни дома“.

Организаторот на маратонот додели пехар на Џонсон Мети семејството како најбројна екипа.

„Горди сме на големиот број на претставници од нашата компанија кои земаа учество на овогодинешниот маратон. Честитки и благодарност на сите колеги за истрчаните километри, постигнатите времиња и освоените награди! Нашите вработени, учесници на Скопскиот маратон покажаа храброст и колегијалност, единство и победнички дух. Само тој начин е вистинскиот за реализација на нашите цели и постигнување на резултати!“, додава извршниот директор Боријан Борозанов.

Од компанијата изразуваат благодарност за организаторите на маратонот и до Британската Амбасада, како и до амбасадорката на Обединетото Кралство. Рејчел Галовеј и до нејзиниот тим.

„Се надеваме дека интересот на вработените за учество на спортски и други настани и понатаму ќе расте и понатаму ќе издвојуваме големи успеси. Џонсон Мети е постојано посветен на придонесување кон зачувување и унапредување на физичката и менталната добросостојба на вработените, а освоената награда го потврдува тоа“, вели Борозанов.

Во прилог дел од атмосферата, резултати и повеќе детали на страната на скопски маратон Резултати 2021 | Виз Ер Скопски маратон | Wizz Air Skopje Marathon (skopskimaraton.com.mk).