Мегафон
изданија

Џони Штулиќ од „Азра“ објави нов двоен албум – „Сплет“ (АУДИО)

Џони Штулиќ од „Азра“ објави нов двоен албум – „Сплет“ (АУДИО)

Легендарниот фронтмен на некогашната група  култна југословенска  група од новиот бран, „Азра“, Бранимир Џони Штулиќ, објави двоен албум на својот Јутјуб канал и ги изненади обожавателите ширум регионот за новогодишните празници.

Албумот „Сплет“ има 28 песни а ги содржи неговите нови и стари песни од „Азра“: „Глобус“, „Bide my time“, „Излазак из коме“, „Позив за плес“, „Запршка“, „Сунчана страна улице“ и многу други.

Реакција на фановите не изостана, сите се воодушевени од овој подарок за Нова Gодина, зашто Џони по повлекувањето и заминувањето да живее во Холандија, повеќе од 30 години не се занимава со музика.