Промотер

Џони Штулиќ објави нов албум – „Каверн“ (АУДИО)

Џони Штулиќ објави нов албум – „Каверн“ (АУДИО)

Уште едно „грандиозно“ дело од музичката работилница на неуморниот Бранимир Џони Штулиќ, чија хиперпродукција убедливо ја оживува атмосферата на загрепските клубови и звукот на музиката што ја следеа и ѕвонарките од шеесеттите и седумдесеттите години и левиските и старките од осумдесеттите на минатиот век.

Станува збор за 42 песни под наслов КАВЕРН, што значи шуплина или пештера, т.е. враќање на корените и оригиналните вредности.

Албумот содржи претежно нови и досега необјавени авторски песни од Бранимир Штулиќ, меѓу кои и мноштво на преработки на стари македонски традиционални музички вредности, спакувани во негов стил.

Снимката и записот на звукот и комплетното аудио се прилично аматерски, но тоа не ја намалува вредноста на авторството и чувството за трансформација на традиционалните изворни фолк вредности во своевидна рок ен рол метаморфоза по рецептот на Џони и некогашната Азра.

на љубителите и почитувачите на Џони бој ова ќе им се допадне, барем на повеќето, можеби и на некои од новите генерации, а оние деца од „новото време“ тешко дека ќе најдат возбуда во вака сервираната рокен рол приказна на Џони Б. Штулиќ.

Сепак, преслушајте го материјалот спкуван во „Каверн“ и сами проценете дали во него ќе ги препознаете некогашните стари вредности на култната „Азра“ и  Џони?!

Останати вести од Промотер