Радио Милева
до угледот, а не до парите

Џони Деп ќе и го прости долгот на Амбер Херт од 8 милиони?! Адвокатите на актерот навестија целосен пресврт (Видео)

Џони Деп ќе и го прости долгот на Амбер Херт од 8 милиони?! Адвокатите на актерот навестија целосен пресврт (Видео)

Адвокатите на Џони Деп сугерираа дека актерот би можел да се откаже од отштета од 8 милиони долари што требаше да му ја плати неговата поранешна сопруга Амбер Херд, по поразот во судењето – сега кога неговата репутација е вратена.

Адвокатите на Деп се појавија во неколку емисии за да ги негираат тврдењата на Амбер Херд дека судењето било нефер.

Камила Васкез и Бенџамин Чу се појавија во шоуто „Денес“, „Добро утро Америка“, а потоа и на мрежата „Право и Криминал“ која го следеше судењето без прекин.

Тие рекоа дека Џони е среќен што победил и дека „вака не се смеел шест години“ – од кога почнале неговите проблеми со Херд.

Тие, исто така, го осудија тврдењето на актерката дека го изгубила судењето затоа што е помоќен и попопуларен од неа, велејќи дека е целосно невистина дека социјалните мрежи играле улога и тврделе дека поротата едноставно не ја сакала затоа што таа – за разлика од Џони – „не презеде одговорност за ништо“.

Адвокатите сугерираа дека актерот може дури и да се откаже од отштетата од 8 милиони долари што судот и нареди на Амбер да му ја плати. Нејзините адвокати рекоа дека таа не може да си го дозволи тоа и ги открија плановите за жалба.

На прашањето дали ќе се откаже од пресудата или не, адвокатите на Деп рекоа: „ За г-дин Деп ова никогаш не беше за пари. Се работеше за враќање на неговиот углед и тој го направи тоа“.

„Моето чувство е дека сето ова имаше многу врска со одговорноста. Џони имаше свои проблеми, беше многу искрен за проблемите со алкохолот и дрогата, беше искрен за некои несреќни текстови што ги напиша и мислам дека тоа беше остар контраст со Амбер Херд, која не изгледаше така, или барем жирито можеби ќе сфати дека таа не е одговорна за ништо“ -рече Чу.

„Таа имаше одговор за се и не презеде одговорност за ништо. Мислам дека тоа направи разлика“- додаде тој.

Васкез објасни дека „клучот за победата беше да се фокусираме на фактите и доказите и можноста Џони да ја каже вистината за прв пат“.

„Пресудата зборува сама за себе“- заклучил Васкез за „Добро утро Америка“.

Фото:Принтскрин/Профимедиа/Твитер

Останати вести од Радио Милева