Радио Милева

Ѕирнете во внатрешноста на домот во кој порасна Лила Филиповска: „Ова ми беше омилената тераса за учење“

Ѕирнете во внатрешноста на домот во кој порасна Лила Филиповска: „Ова ми беше омилената тераса за учење“
фото: Инстаграм

Македонската водителка на еден од најпопуларните квизови „Се или нешто“, Лила Филиповска знае да ужива каде и да се наоѓа.

Имено, изминатите месеци додека траеше вонредната состојба со коронавирусот, Лила времето го поминуваше во својот стан во Скопје, а друштво и правеше нејзиното маче Рагнер.

Откако се олабавија мерките, водителката го искористи времето и паузите од снимањата за да ги наполни батериите.

Имено, колку што дозволија мерките и поради одредени затворени граници, Лила беше неколку дена на одмор во Охрид, па во Албанија.

Меѓутоа, Лила неодамна го посети родното село на нејзиниот татко и се навратија спомени од детството, а водителката истакна дека таму го наоѓа својот мир.

Во таа прилика, Филиповска ја покажа градината во која преовладува зеленило и цвеќиња.

Меѓутоа, деновиве водителката повторно го посети родното Виниче и ја покажа внатрешноста на домот односно дневната соба,  а потоа ја снимаше и терата.

 

Како што истакна таа нејзината омилена тераса каде што сакала да учи и да чита книги.

„Ова ми беше омилена тераса за учење и за читање на книги….и се уште ми е“, напиша водителката во кусите на „Инстаграм“ и го покажа преубавиот поглед од балконот.

Веруваме дека Лила ги наполнила батериите подалеку од гужвата и вревата во Скопје и е подготвена за новата работна недела.

Потсетуваме, претходната недела започнаа снимањата на новата сезона на квизот „Се или нешто“.

фото: Инстаграм/лилафилиповска

Останати вести од Радио Милева