Радио Милева
ужива да пазари

Џенифер Лопез купува од пазар: Пејачката во шопинг со торба за пазарење од 3.000 долари (фото)

Џенифер Лопез купува од пазар: Пејачката во шопинг со торба за пазарење од 3.000 долари (фото)

Пејачката Џенифер Лопез има вистинско богатство во својата гардероба кога станува збор за чевли и ткаенини, но сепак сака да посетува и обични пазари.

Латино дивата била фотографирана со нејзината ќерка Ема во посета на пазарот во Лос Анџелес за да  истражат и да најдат антиквитети и стари предмети за декорација на домот.

Џенифер била фатена додека пазарела, а била облечена во долг зелен фустан и  платформи, додека на лицето имала очила за сонце.

За да не се замара со чанти, Џеј Ло ставила се што купила во нејзината персонализирана чанта „Диор“ на која ги пишува нејзините иницијали „ЈЛо“.

Цената на чантата е околу 3.000 долари, пренесуваат американските медиуми.

Во шопингот и помагала нејзината ќерка Ема, која за разлика од мајка и се облекла лежерно, погодно за пазар.

Инаку, пејачката неодамна го посетила пазарот и со својот сопруг, актерот Бен Афлек.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

 

Останати вести од Радио Милева