Радио Милева
Мистерија

Џенифер Лопез ги избриша сите објави од Инстаграм и постави црна позадина: Што и се случува на големата ѕвезда?!

Џенифер Лопез ги избриша сите објави од Инстаграм и постави црна позадина: Што и се случува на големата ѕвезда?!

Пејачката и актерка Џенифер Лопез ги избриша сите објави од својот Инстаграм профил и ја замени сликата на профилот со црна позадина.

Пејачката и актерка се уште не дала никакво објаснување, а нејзините 226 милиони следбеници се прашуваат што се случило.

Во текот на оваа недела, Џенифер објави видео на Тикток на кое може да се види како разменува нежности со нејзиниот сопруг Бен Афлек, што подоцна го сподели и на својот Инстаграм.

Нејзиниот потег да ги избрише сите фотографии изненади многумина бидејќи пејачката беше многу активна на оваа социјална мрежа.

Дали ова е уште еден трик, бидејќи познатите ѕвезди често се одлучуваат за вакви потези кога сакаат да привлечат внимание за нови песни и албуми или пак се работи за нешто сосема друго, засега не е познато.

фото:Профимедиа/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева