Живот и Стил

Џемперот е најдобар пријател на добриот стил во текот на зимата: 4 модели кои ќе бидат хит оваа сезона

Џемперот е најдобар пријател на добриот стил во текот на зимата: 4 модели кои ќе бидат хит оваа сезона

Тие се како малиот црн фустан – никогаш не излегуваат од мода и им стојат на сите

Џемперите се модна класика на која со задоволство се враќаме секоја есен и зима, а доколку најдете модели со интересни ткаенини и атрактивни бои, ќе го добиете совршеното издание за секој ден.

Тие се како мал црн фустан – никогаш не излегуваат од мода и одговараат на сите, па модните критичари ги препорачуваат и оваа сезона. Џемперите можете да ги носите со фармерки, хеланки, здолништа, но и со фустани, што значи дека имате комбинација за секоја пригода.

Ставете ги старите џемпери најниско на полиците и додадете ги моделите кои ќе бидат хит оваа зима:

Елек-џемпер

Ова е модел на џемпери кои ги плетеа нашите баби, а сега после толку години се враќаат на голема врата, а експертите тврдат дека секоја жена мора да има барем еден во својот плакар.

Џемпер во земјени тонови

Кафеавата боја немаше баш најдобра репутација, а главниот проблем беше што да се комбинира со неа. Меѓутоа, времињата се сменија, а доказ дека кафеавата и сите нејзини нијанси совршено се комбинираат со разнобојниот стајлинг докажува и оваа комбинација.

Џемпер-фустан

Кој вели дека треба да се откажеме од фустаните во студените денови? Со овој џемпер фустан можете да комбинирате и плитки и длабоки чизми, а одлично ќе изгледате и во рамни чевли.

XL џемпери

Топлите и убави, гломазни, опуштени џемпери заслужуваат да бидат на вашата шопинг листа. Ова е парче облека кое само по себе е приказна, па во комбинација со него нема да ви треба накит или некој друг моден додаток, бидејќи ќе ги насочи сите погледи кон вас.

Извор: попара.мк