Радио Милева
Тажна вест

Џејмс Кан имаше бурен живот се женеше и разведуваше четири пати – почина американскиот актер ѕвездата на култниот филм „Кум“ (фото)

Џејмс Кан имаше бурен живот се женеше и разведуваше четири пати – почина американскиот актер ѕвездата на култниот филм „Кум“ (фото)

Во текот на својата голема кариера водел и интересен приватен живот, а пред олтарот стоел четири пати.

Американскиот актер Џејмс Кан, ѕвездата на култниот филм „Кум“, кој го толкуваше ликот на Сантино „Сони“ Корлеоне, почина на 82-годишна возраст.

Познатиот актер ја загуби битката за живот во средата на 6 јули, а веста беше потврдена и на социјалните мрежи.

На само 20 години првпат се ожени со диџеј Матис, со која беше во брак шест години и добија едно дете.

Десет години подоцна и кажа „да“ на Шила Мари Рајан, но една година подоцна следуваше разводот. Од тој брак го има синот Скот.

Се ожени и со Ингрид Хајек во 1990 година, го добија синот Александар, а се разделија во 1994 година.

Среќата во љубовта не ја најде ниту по четврти пат со Линда Стоукс. Со неа имаше два сина, но во 2009 година се разделија, како што изјавија, поради непомирливи разлики.

Голема популарност стекна во далечната 1972 година, кога играше улога во легендарниот мафијашки филм „Кум“.

„Со голема тага ве известуваме за смртта на Џејмс, која се случи во вечерните часови на 6 јули“, се вели на официјалниот Твитер профил на актерот.

„Семејството го цени изливот на љубов и искреното сочувство и бара да продолжите да ја почитувате нивната приватност во овој тежок период“, се вели во објавата.

Џејмс Кан беше номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога, како и за наградата Златен глобус. Тој играше и во продолжението на овој култен филм, а пред „Кум“ ја играше забележителната улога на Брајан Пиколо во „Песната на Брајан“.

За време на неговата блескава кариера го придружуваше бурниот приватен живот, а зад себе остави пет деца.

Роден е на 26 март 1940 година во Њујорк.

Фото:Принтскрин/Ројтерс/Профимедија

Останати вести од Радио Милева