Радио Милева
Официјално пред сите

Џеј Ло и Бен Афлек се венчаа по вторпат, а исплива и фотографија од интимната прослава (фото)

Џеј Ло и Бен Афлек се венчаа по вторпат, а исплива и фотографија од интимната прослава (фото)

Џенифер Лопез и Бен Афлек уште еднаш се венчаа! Овој пат на имотот на младоженецот во Савана, на југоистокот на Америка, каде се собраа роднини, пријатели и бројни познати личности.

Заљубените птички од А-листата веќе се венчаа во Лас Вегас во средината на јули, но повторно го официјализираа, овој пат пред пријателите и семејството во имотот на Афлек од 35 хектари крај брегот во југоисточната американска држава Џорџија.

Меѓу холивудските достоинственици на тридневниот настан беа долгогодишниот пријател на Афлек, Мет Дејмон и режисерот Кевин Смит, објави магазинот People.

Гостите беа облечени во бело, а Лопез носеше фустан на Ралф Лорен направен во Италија, пишува Fox News.
Фотографиите објавени од сајтот за славни личности ТМЗ пред свадбата го покажуваат седиштата за вечера поставена на нешто што изгледа како големо, покриено пристаниште, со пиротехнички шлеп што лебди во близина.

Лопез и Афлек ја објавија свршувачката во април. Ова е нејзин четврти и а за него втор брак.

„Тоа е убава љубовна приказна, добивме втора шанса“, изјави актерката во февруари, во интервју за магазинот „Пипл“.
По раскинувањето и двајцата ја бараа среќата со други партнери. Џенифер доби близнаци со Марк Антони, а Бен три деца со актерката Џенифер Гарнер. Сепак, нивните бракови се распаднаа и двајцата се повторно заедно. После толку перипетии, сега нивниот убав сон се оствари. Сите пет деца беа со своите родители на новата венчавка во Савана, исто како и пред еден месец кога за прв пат си рекоа „да“, на тајна венчавка во Лас Вегас.

Најголем шок беше отсуството на помладиот брат на Афлек, Кејси, кој рече дека не може да дојде „поради однапред договорени родителски обврски дома“. Имајќи предвид дека свадбата на Бен се подготвуваше дваесет години, овој изговор многумина го опишаа како вистински скандал.

фото:Принтскрин/Твитер

Останати вести од Радио Милева