Радио Милева
расчекорена и „расчеречена“...

Џеј Ло го покажа меѓуножјето, на Инстаграм ја „линчуваа“: „Ти си мајка, можеш ли барем еднаш нормално да позираш“? (ФОТО)

Џеј Ло го покажа меѓуножјето, на Инстаграм ја „линчуваа“: „Ти си мајка, можеш ли барем еднаш нормално да позираш“? (ФОТО)

Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави фотографија во предизвикувачка поза.

Иако со фотографијата всушност сакала да ги испромовира штиклите, на следбениците внимание им привлекло нејзиното меѓуножје кое е во преден план.

Сепак, иако повеќето ја пофалиле за фантастичниот изглед во 50-та година од нејзиниот живот, имало многу корисници кои не биле задоволни од начинот на кој се фотографирала.

„Не е примерно една жена, која патем е мајка, на ваков начин да го покажува меѓуножјето. Можеш ли да објавиш барем една фотографија на која нормално позираш?“, прашала една корисничка.

„Додека луѓето се борат со коронавирусот, ти објавуваш вакви фотографии“, се согласил трет.

Без оглед на критиките, не престанале да пристигнуваат и позитивни коментари наменети за нејзиниот изглед.

„Какви нозе!“, „Ти си вирусот што нас нѝ треба“, „Презгодна си“, „Одлично изгледаш“, се само дел од позитивните коментари на воодушевените фанови.

Останати вести од Радио Милева