Љубов и Секс

Двете најопасни секс пози за мажи

Двете најопасни секс пози за мажи

Ако сакате безбеден секс, барем кога станува збор за безбедноста на машкиот полов орган, најдобро е да ја практикувате мисионерската поза, тврдат научници од Бразил.

Во изминатите 13 години, тие анализирале реални случаи на фрактури на пенис во сексуални игри и заклучиле дека само 21% од повредите се случиле во мисионерска поза, додека позата во која партнерката е горе или популарната каубојка е одговорна за скоро половина од повредите.

Втората, инаку омилена поза за повеќето мажи, е позата доги стајл, во која настанале околу 29% од повредите.

Истражувањето објаснува што е проблемот со позата каубојка, односно разјаснува дека жената со целата тежина го притиска мажот, односно неговата машкост, па со едно силно движење во погрешен агол лесно може да се предизвика фрактура.

Од друга страна, во позите во кои мажот има контрола, тој има подобра шанса да го запре сексот ако почувствува „влегување“ под погрешен агол. Сепак, и во доги позата во која има контрола, претераната занесеност може да го натера на неконтролирани движења, пишува Daily Mail.

извор: кајгана