Радио Милева
Дојде крајот

Двајца македонски кандидати вечерва ќе се борат за победа во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Двајца македонски кандидати вечерва ќе се борат за победа во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Во полуфиналето на регионалното музичко шоу “Ѕвездите на Гранд” кое се одржа вчеравечер, настапија двајца македонски кандидати -Андријана Петрушовска од Скопје и Александар Јосифовски од Охрид.

Тие успеаја да обезбедат место во финалето на натпреварот и да се борат до победа заедно со уште 14 финалисти.

Јосифовски пееше песна од Аки Рахимовски, додека Петрушовска ги изведе песните “Мелек” од Едита и “Црно и бело” од Калиопи.

Скопјанката доби 7 гласа од жирито, вклучувајќи го и Саша Поповиќ, а по настапот менторот Ѓорѓе Давид изјави дека е презадоволен и дека ова е најдобриот нејзин настап, а истото важеше и за Александар чиј ментор е исто така Ѓорѓе.

Финалето вечер почнува во 21 часот, а победникот ќе го избере публиката со телевоутинг.

фото:Инстаграм/принтскрин јутјуб звезде гранда

Останати вести од Радио Милева