Радио Милева
раскомотена по цела должина...

Дупло голо и горе и долу: Хајди Клум направи секси бум во отворен фустан под кој не се носат ни градник, ни маички ни гаќички (ФОТО+ВИДЕО)

Дупло голо и горе и долу: Хајди Клум направи секси бум во отворен фустан под кој не се носат ни градник, ни маички ни гаќички (ФОТО+ВИДЕО)

Една од најпознатите светски манекенки на сите времиња може да се пофали со извајано тело и младешки изглед и пкрај тоа што е длабоко навлезена во петтата деценија, па затоа својата телесна убавина често ја истакнува.

48-годишната Хајди Клум неодамна одново се пофали на Инстаграм со фотографии и кратко видео на кое позира во провокативен фустан на норвешкиот дизајнер Питер Дандас.

Хајди изгледала феноменално во долгата тоалета во впечатлива жолта боја која напред е целосно затворена, а од страните и на грбот е споена така што е исшнирана со тенки врвки.
Клум ја заокружила целата комбинација со едноставни златни папучи со висока потпетица штои ги истакнуваат ионака долгите нозе на русокосата убавица.

Со оглед на тоа што од една цела страна фустанот е отворен со прорез кој открива буквално се’, повеќе од јасно е дека русокосата под него не носи ама баш ништо. Дупло голо од горе до долу, зашто под ваков фустан не се носат ни градник, ни маички ни гаќички!

Инаку, манекенката оневозможила коментирање под оваа провокативна објава, но тоа не ги спречило нејзините фанови да го изразат своето мислење на Твитер и другите социјални мрежи.

„Има неверојатно тело“, „Ова е она што јас го нарекувам совршен изглед“, „Победничка на генетска лотарија“, „Подобра од сите Кардашијанки заедно“, „Позгодна е од повеќето жени кои се двојно помлади од неа“, се само дел од бројните коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Фото: Инстаграм принтскрин/heidiklum

Останати вести од Радио Милева