Промотер

„Дупер“ ќе ве одведат до – „Рајот на земјата“ (ВИДЕО)

„Дупер“ ќе ве одведат до – „Рајот на земјата“ (ВИДЕО)

Македонскиот бенд или поточно дуото „Дупер“ на 7-ми јули 2021 година, го промовираа своето дебитантско доскографско издание, албумот насловен „Хипер“.

Бендот кој постои три години денес го сочинуват Борис Какуринов (гитара и клавијатури) и Илчо Нечовски (бас и вокал). Кариерата ја започнаа како трио во 2018 година кога од нигде никаде преку ноќ станаа популани меѓу младата популација со хитот „Не сум твој тип“. Тогаш групата функционираше како трио, а во неа беше и тапанарката Марина Баракоска, која по неколку издадени песни, заради несогласување со останатите двајца членови го напушти бендот, во кој останаа Борис и Илчо.

После три години постоење, Дупер од новиот албум промовираа песни кои за прв пат публиката имаше можност да ги чуе.

“Сладолед”, “Исти”, “Војна”… се само дел од новите песни, а една од нив насловена „Рајот на земјата” има и своја визуелизација, свој видеоспоткој комплетно го потпишува Томислав Живковиќ.

Инаку зад музиката, текстот и аранжманот стоајат веќе споменатите двајца членови на дуото, додека снимањето, миксот и мастерингот ги изработил Ангел Ќосев, во неговото студио „Подрумот“.

Како сето тоа звучи, а и како изгледа „Рајот на земјата“ во очите на „Дупер“, проследете во продолжение: