Српската пејачка Јелена Карлеуша го пријавила во полиција сопругот Душко Тошиќ. Наводно тој ја плукнал и и’ удрил шлаканица во семејниот дом, јавуваат локалните медиуми.
Во нивниот дом во моментов се наоѓаат полициски екипи кои вршат увид, разговараат со сопружниците и сведоци на настанот.
Според српските медиуми Карлеуша нема да дава изјави.
Пејачката наводно одбила медицинска помош, а драмата се случила во нивниот дом на Дедиње.
фото: Milena Đorđević, Marko Jovanović
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.