Радио Милева
нема да верувате

Драгана Мирковиќ емоционално е приврзана со оваа песна позади која се крие нејзината суштинска приказна (фото)

Драгана Мирковиќ емоционално е приврзана со оваа песна позади која се крие нејзината суштинска приказна (фото)

Секој пејач има барем една песна во морето од песни која му е особено драга или го враќа во период од животот кој никогаш нема да може да го заборави.

Во случајот на Драгана Мирковиќ тоа е хитот „Сама“ – од времето кога се пресели во Австрија.

-Посебно ми се допаѓа песната „Сама“. Тоа е пресвртница во мојот живот. Тоа беше 2000 -та година кога отидов во Австрија и се омажив и многу сум приврзана за таа песна – изјави во една прилика во емисијата „Јутро“ .

Од друга страна, таа има и песна која му ја посвети на сопругот Тони и која многу ја сака – особено затоа што во спотот се појавуваат и нивните наследници.

-Песната „Једини“ му ја посветив на мојот сопруг на 10 години брак и во тој спот се појавуваат малите Марко и Мануела. Тоа е и нивно последно појавување и тоа беше поради тато, бидејќи сакавме да имаме семејно сеќавање – објасни Драгана.

Фото:Принтскрин/Ата Имаџес/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева