Живот и Стил

Дознајте зошто млекото не треба да го чувате на вратата од фрижидерот

Дознајте зошто млекото не треба да го чувате на вратата од фрижидерот

Температурата во фрижидерот може повремено да биде непостојана и да варира од место до место.

Внатрешноста на фрижидерот има потопли и постудени делови, а сето тоа одредува колку долго ќе трае храната.

Отворено пакување млеко се чува во фрижидер, но никако не би смееле да го чувате на вратата. Тоа е најтоплиот дел од фрижидерот.

Имено, секој пат кога ќе ја отворите вратата од фрижидерот, доаѓа до промена на температурата, а зголемената температура може да го забрза процесот на расипување на храната особено ако се работи за млеко.

Иако тетрапак пакувањата се идеални за да се чуваат на вратата од фрижидеротм честите измени на температурата може да доведе млекото побрзо да се расипе. Колку млекото е подолго изложено на топлина, толку побрзо се развиваат бактериите.

За да ви трае млекото подолго, чувајте го на средните или најдолните полици. Топлиот воздух се крева нагоре, па со тоа и горните полици може да бидат потопли од долните.

Во делот на вратата може да чувате производи кои помалку се расипуваат како на пример кечап, разни преливи за салата, џемови, пијалаци.