Радио Милева
Судбина

Доживеала три спонтани абортуси и две реанимации: Српската пејачка поради лекарска грешка поминала низ пекол

Доживеала три спонтани абортуси и две реанимации: Српската пејачка поради лекарска грешка поминала низ пекол

Пејачката Маја Николиќ (47) го добила синот Новак (25) со музичарот Мирко Шќепановиќ од кој се развела кога момчето имало само една година.

Имено, таа по многу маки и мачни загуби на свет го донесе Лазар (15) син од бракот со својот втор сопруг Вук Кандиќ со кој не е во брак 14 години.

– Да беше Божја волја денеска ќе имав пет деца! Имав три спонтани абортуси пред да го родам Лазар. За тоа ги обвинувам американските лекари бидејќи згрешиле сите три пати! Во тоа време, живеев во Сан Диего и водев бременост во болница во тој град. Редовно давав крв за анализа и одев на ултразвук. Кога ќе стигнат резултатите, лекарите ми рекоа дека се е во ред, но не беше. Не ги примив вистинските терапии и ги изгубив бебињата – ја започнува својата шокантна исповед Маја и додава дека и самата за малку ќе го загубила животот поради американските лекари.

– Докторите ми пишаа дека бременоста не ми е ризична, дека бебето е здраво и рекоа дека можам без проблем да летам со авион. Затоа решив да одам во Белград и да се видам со семејството и пријателите. Убедена дека се ќе биде во ред, се качив на летот. Непосредно пред да слетам во Белград ми пукна воденикот и почнаа компликации! Срцето двапати ми застана во авион, стјуардесите ме оживеаја со дефибрилатор – истакнува Николичева.
Штом авионот слетал во Белград, Брзата помош јаоднела Николиќ во болницата „Народни фронт“.

– Таму ми го спасија животот! Лекарите утврдија дека имам ектопична бременост, што е многу опасно. Американските лекари не го забележаа или не ми кажаа! Благодарна сум и на тогашната началничка на болницата Бранка Николиќ која ми помогна во најтешките моменти – завршува пејачката.

фото:принтксрин/ало.рс

Останати вести од Радио Милева