Живот и Стил

Доста бегавте од комарци: Направете си го овој спреј и тие ќе ве заобиколуваат

Доста бегавте од комарци: Направете си го овој спреј и тие ќе ве заобиколуваат

Секој од нас може да направи спреј кој е безбеден за нашето здравје и многу ефикасен во борбата против досадните инсекти, особено комарците.

Потребно е само половина литар чист алкохол, 100 грама каранфилчиња и 100 мл масло од рузмарин, бадем или лаванда.

Потопете го каранфилчето во алкохол, покријте го и оставете го да отстои. Смесата мешајте ја наутро и навечер. По четири дена додајте го маслото, добро промешајте и пресипете во шише со распрснувач.

Доволно е неколку капки од спрејот да прснете на телото, да го измасирате во кожата и гледајте како комарците ве заобиколуваат.

извор:курир.мк