Љубов и Секс

Доминантен, емотивен или мрзелив: Омилената поза во кревет го открива карактерот на мажот!

Доминантен, емотивен или мрзелив: Омилената поза во кревет го открива карактерот на мажот!

Ако мисионерската поза му е омилена, знајте дека сте со маж кој сака да игра на сигурно.

Секоја жена има поза во сексот која и нуди најсилно задоволство. Сепак, и мажите имаат омилена поза, а тоа може да открие многу за нив. Ги издвоивме петте најпопуларни пози во сексот, а се што треба да направите е да му поставите прашање и да дознаете нешто за неговиот карактер.

Мисионерска поза

Мисионерската поза е класика која секогаш пали. Ако ова е неговата омилена поза, знајте дека сте со маж кој сака да игра на сигурно, а промената е голем напор за него. Но, тоа е и многу емотивна личност која ужива во страста, допирите и прегратките. Оваа поза обезбедува многу близок контакт лице в лице, поради што е многу интимна и опишува силни чувства.

Кучешки стил

Уште една класична поза во сексот која мажите ја сакаат малку повеќе од жените. Ако ова е неговата омилена поза, знајте дека имате работа со маж кој сака да доминира и да биде лидер во секоја смисла, и деловна и приватна и интимна. Исто така, оваа поза опишува многу страстен и енергичен маж кој знае што сака и како да го постигне тоа.

Поза 69

Оваа поза ќе им пружи подеднакво задоволство и на двајцата партнери, а најмногу ја сакаат внимателните мажи. Тој е чувствителен и многу либерален. Ужива во женското друштво и е подготвен да направи се за жената за која му е важна. Сака забава, но и тивки страсни вечери со личност која му е драга и интересна.

Каубојка

Позата во која жена седи врз мажот може да биде многу интересна, а многу им се допаѓа на отворените и директни мажи. Тој е самоуверен и знае што сака, па не се срами да ги изрази своите чувства. Ужива во страста и женската убавина и сака да експериментира, пишува Zadovoljna.hr.

Вилушка

Сексот за време на кој партнерите лежат на страна и се целосно поврзани е поза која ја сакаат многу парови. Таа опишува човек од доверба. Авантурите не се негов фетиш, па затоа се чувствува многу подобро во познато и безбедно опкружување. Исто така, оваа поза ги опишува мрзливите мажи кои прават се со половина сила.