Вистаграм

Дом кој зрачи со оптимизам и среќа: Погледнете како изгледа станот на оваа дизајнерка

Дом кој зрачи со оптимизам и среќа: Погледнете како изгледа станот на оваа дизајнерка

27-годишната Емили Бринкли го обожува ретро стилот и потрошила речиси 3000 фунти да го трансформира својот прв дом во дом од 60-те и 70-те години на минатиот век.

Бринкли, која работи како илустратор и дизајнер, уште како тинејџерка ја засакала музиката на Битлси, а низ нивната музика и приказните за нив, го запознала и стилот на 60-те и 70-те. Нејзиното уметничко око ја привлекле пред сè впечатливите бои, а кога го купила својот прв стан, одлучила целосно да го декорира во винтиџ стил.

Емили започнала да го преуредува штом се вселила во него, одлучна во целиот декор да внесе свој личен печат.

Дизајнерката немала голем буџет, па ги намалила трошоците така што купувала мебел и ретро орнаменти во продавници за половна роба, користејќи парчиња мебел кои навистина биле користени во тие години.

Во нејзиниот дом доминираат силните бои, па дури и во спалната соба. Емили отворила посебен Инстаграм профил на кој објавува фотографии од својот дом и била изненадена кога за само неколку дена добила неколку илјади следбеници.

Секој агол и ќош од станот е уреден во ретро стил, а нејзиниот мал работен простор зрачи со, како што вели таа, „оптимизам и среќа“.

изовр: точка.мк