Радио Милева

Докторка од Радовиш „растури“ во „Никогаш не е доцна“, а пофалби доби и од светската дива со македонско потекло (фото)

Докторка од Радовиш „растури“ во „Никогаш не е доцна“, а пофалби доби и од светската дива со македонско потекло (фото)

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, настапуваше и 60 годишната Олгица Велкова од Радовиш.

Во своето претставување Олгица истакна дека уште на 10 години имала свои настапи, но дека животниот правец  ја однел во медицината и започнала да студира медицина.

Таа објасни дека нејзиниот сопруг го запознала меѓу 7 и 8 одделение.

„Професорката по француски јазик ни кажа дека ќе има квиз и дека ќе се пеат француски песни. На школската проба ме здогледа мојот сопруг и отогаш цел живот се дружиме со музиката“ вели Олгица.

Олгица се пријавила во „Никогаш не е доцна“ за да си ја исполни желбата.

Во жирито беше и оперската светска дива со македонско потекло Ана Синицки која на кандидатка и се обрати на македонски јазик.

„Многу ми е драго што сте во оваа емисија. Ова емисија треба да се вика „Ништо не е случајно“. Мојот прадедо кој беше Русин е погребан во Радовиш. Многу ми е мило што си со нас“, изјави Ана.

Олгица се претстави со песната „Старе љубави“ од Тереза.

Жирито беше воодушевено од нејзината изведба и доби само позитивни коментари.

„Се гледа дека овој репертоар е ваш, во срцето го носите. Тоа се слуша и се гледа. Мислам дека гледачите кај малите екрани ќе го почувствуваат тоа. Ви посакувам се најдобро“ изјави Синицки.

Останатите членови на жирито имаа пофални зборови за македонската докторка која одлично се покажа и како пејачка.

Олгица помина во следниот круг, па ќе имаме прилика да ја видиме и во вториот круг.

фото: принтскрин/јутуб

Останати вести од Радио Милева