Живот и Стил

Докторите и рекле дека не може да забремени: Ги демантирала со 14 деца за 10 години

Докторите и рекле дека не може да забремени: Ги демантирала со 14 деца за 10 години

Сату Нордлинг Гонзалес (36) ќе стане мајка по 11 пат. Пред едеценија докторите и соопштиле дека нема да може да има деца, но судбината ги демантирала.

Таа е по потекло од Шведска и имала 21 година кога првпат забременила. Со сопругот Андреас кој е по потекло од Уругвај се радувале на проиновата, но се случил спонтан абортус. Поради прекинот на бременоста настанала лузна на матката, а преживеаниот стрес довел до прекин на менструалниот циклус.

Прогнозите не биле добри, но таа останала повторно бремена две ипол години подоцна и во 2008 година го родила првото дете. За 14 години станала мајка на 10 деца.

Со сопругот имаат шест ќерки и четири сина. Минатата година го добиле синот Бенџамин, а ги имаат и ќерките Никол (14), Ванеса (13), Оливија (9), Селина (7), Изабел (4), Меланија (2,5), како и синовите Кевин (8) и близнаците Џонатан и Данил (11).

Нејзиниот ден почнува во 6:30 наутро кога подготвува појадок и ги испраќа децата кои учат во училиште.

-Да се биде мајка е голема работа и жртва. Понекогаш сум изморена и пред појадокот. Сепак насмевката и љубовта која ми ја пружаат децата се најдобрата награда за мојата грижа кон нив. Моето тело секогаш брзо се опоравувало по породувањето. Активна сум со децата и поради нив многу се движам, вели Сату.

Пред неколку дена таа на социјалните мрежи објави дека наското ќе добијат уште еден син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Satu Nordling Gonzalez (@mybabydolls)

извор:kurir.mk