Мегафон
фестивали

Дојран добива нов фестивал, се роди „Дојран Рок Фест“

Дојран добива нов фестивал, се роди „Дојран Рок Фест“

Како нов проект, Здружението „Андерфест“ ќе го o рганизира првото издание на „Дојран Рок Фест“.

„Особено сме горди и посебно возбудени за овој проект бидејќи излегуваме од границите на градот Скопје и се упатуваме кон нашиот бисер на југот Дојран. Еднодневниот фестивал планираме да се одржи на 7-ми август 2021 година на плоштадот во Стар Дојран. Исто така планираме овој фестивал да биде традиционален и да влезе во агендата на летни фестивали кои во екот на туристичката сезона ќе привлечат уште повеќе млади лица во Дојран“, соопштуваат организаторите на фестивалот.

Се очекува да настапат неколку реномирани, но и млади изведувачи со што ќе се придонесе за збогатување на културниот живот во општина Дојран и околината. Влезот ќе биде бесплатен. На фестивалот ќе настапат 5 различни музички групи исклучиво од нашата држава и тоа: „Bad Obsession“, „High Voltage“, „Cruel“, „Daktili“ и „The Chicks“.

Сите посетители мора да се придржуваат до мерките пропишани за одржување на јавни настани и одржување на пропишаната физичка дистанца.