Радио Милева
Љубов до небото

Дојде време да му каже „да“: Се омажи највпечатливата македонска учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Дојде време да му каже „да“: Се омажи највпечатливата македонска учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)

Битолчанката Марија Груевска му кажа „да“ на својот сакан Синиша Стојаноски.

Убавата вест пејачката ја објави на својот Фејсбук профил без коментар на фотографијата каде се бакнуваат, туку со симболи од временички прстен и срце.

И не беа потребни многу зборови за да се сфати дека за Марија дошло време да му каже да на својот долгогодишен партнер Синиша.

Следеа илјадници лајкови и коментари со честитки за среќен заеднички живот. Инаку, Марија својот избраник го претстави пред јавноста кога беше учесничка во минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а тој и беше нејзината најсилна поддршка.

Марија беше највпечатливата учесничка во регионалното музичко шоу, а со своите настапи и костими остана запаметена од целиот регионт.

Сцената на „Ѕвездите на Грнад“ беше местото каде ја промовираше и својта песна на српски јазик „Горим сва“. Во спотот пак за споменатата песна улога има и саканиот Синиша со кого таа беше слободна да сними со него пред камери и разголени сцени.

-Таа е моја душа, воопшто не е тешко да се биде нејзино момче. Задоволство ми е да ја следам секаде и мислам дека ги исполнувам сите нејзини критериуми, изјави Синиша во една прилика.

Иако од пред неколку месеци Синиша важи за свршеник на пејачката, прстенот на нејзината рака се најде сега. но и пред семејството.

Деновиве покрај тоа што и се случи свршувачката, таа проовираше уште една нова песна насловена „Исти сме“.

Вруваме дека вљубените гулапчиња нема многу да чекаат да официјален брак, па летово ќе има и свадба.


Честитки!

фото:Фејсбук/Марија Груевска