Радио Милева
„бомбастична“ објава...

Дојава за бомба своевремено за малку ќе имало во скопската гимназија Р.Ј. Корчагин, а сега по сите скопски гимназии, „бомба“ и во ТВ „Канал 5“ ? (ФОТО)

Дојава за бомба своевремено за малку ќе имало во скопската гимназија Р.Ј. Корчагин, а сега по сите скопски гимназии, „бомба“ и во ТВ „Канал 5“ ? (ФОТО)

Бомба во едно, две, три… пет, речиси сите скопски гимназии или средни стручни училишта, беше веста што одекна во медиумите последниве денови. По дојавите, евакуација на школите, учениците, наставниците, целиот персонал… Специјалните антитерористички екипи на МВР со полни раце работа, брзата помош и пожарникарите на готовс, чиниш вонредна состојба.

Впрочем, ако е серионаа заканата, а не мајтап, состојбата и е вонредна и мошне загрижувачка. Кој, како, зошто, од каде, со која цел… си играл „ташак“ со службите, ама и со сите нас, службите се’ уште работат на расчистување на случајот.

Арно ама ова по се’ изгледа не е прв ваков случај во скопските гимназии или средни стручни училишта. Дојава за бомба имало и своевремено… Или барем за малку ќе имало во скопската гимназија Раде Јовчевски – Корчагин.

Информацијата ја обзнани еден бивш ученик во истата, денес на нему блискиот круг и некои медиуми, меѓу кои и нашиот,  познат под вистинското име и презиме, а мошне познат и на јавноста… Само „скриен“ под неговото „уметничко име“ –  Мартин Толовски, псевдоним што го користи како еден од најактивните и најгласните ликови на социјалните нмрежи, особено на „Фејсбук“.

Токму истиот тој лик како ученик во споменатата гимназија своевремено сакал да испрати порака со дојава во МВР дека има поставено бомба во нивната гимназија, арно ама… Две работи го попишманиле.

Како прво, тогаш немаше ни мобилни, ниту мејлови и социјални мрежи, па јавувањето од јавна телефонска говорница му останувало како единствена опција. Но, тоа не било неговата најголема мака. Не, не е во прашање стравот, што се’ и колку многу „ќе го окрка“, ако го фатат. Во прашање е нешто сосема друго, многу „потрогателно“…

Вицкаста забелешка, шеговит статус или латентни комплименти до некогашната соученичка, македонската мисица и модел, денес ТВ водителка, „бомбастичната“ Вера Мештеровиќ, заклучете самите.

На водителката стусот не можеше да не и импонира, ама и слатко ја изнасмеа:

За неа  благослов, ама за институциите и телевизијата во која работи водителката нови грижи, Толовски со Фејсбук статусот случајно некому да не му даде идеја да испрати дојава дека во Утринската програма на ТВ „Канал 5“ има… „бомба“ !?

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Martin Tolovski/veramesterovic

 

Останати вести од Радио Милева