Радио Милева
„пушачи“ и „испушени муштикли“...

Додека на „Бихаќка“ ги бркаа своите „градоначалници“ од партија, Јоци им ја плесна вистината в лице: „СДСМ се испогубија во сопствената иронија“!

Додека на „Бихаќка“ ги бркаа своите „градоначалници“ од партија, Јоци им ја плесна вистината в лице: „СДСМ се испогубија во сопствената иронија“!

Предизборната трка за локалните избори уште не почната добива сопствена драматика. И тоа во сопствените партии, а СДСМ во тоа предничи покажувајќи како завршуваат оние што во нивните редови „умеат да мислат“, ама „не мислат исто“ со „заевистите“.

Актуелниот градоначалник на Куманово од нивните редови, Максим Димитриевски, сега со независна кандидатура за претстојните локални избори е оној што најмногу „ќе изгори“. Откако најпрвин го изогнираа и не го кандиидираа за втор мандат, вчера брутално го „шутнаа“ и од партија, а тоа јавно обзнанија на прес конференција.

Изборот на останатите кандидати, наводно проверени кадри, испадна дека е „збир(штина)“ на „татини синови“, деца на нивни бивши функционери. И додека на „Бихаќка“ ги бркаа своите „градоначалници“ од партија, некогашната новинарка, сега една од најгласните и  најактивни на социјалните мрежи, Јорданка Ивановска – Јоци, на својот Фејсбук профил „ги рескрена на клоци“, откако на „СДСМ-овци им ја плесна вистина в лице за нивниот „градоначалнички“ избор. Селекција доведена до перфекција, од непотизам, секако!

Јоци најпрвин сликовито го прокементира „бркањето“ од партија на кумановскиот градоначалник, со компаративен пример овековечен на „историска“ фотографија. На неа оној што мирно си пуши во позадина во аголот, стана повеќе од „адвокат на ѓаволот“… Градски татко на престолнината, со партиска шанса за уште еден мандат. Оној пак што во првиот ред го брани со гради идниот премиер, „го испуши“… Од истиот оној, за кој како што се гледа, ја ставил главата на трупец! Очигледно, „пушењето“ е штетно… Во случајов, по туѓата политичка кариера!

За градоначалничката „селекција до перфекција“ од непотизам на СДСМ, Јоци составила и  „Топ листа“… на татини синови, кандидати на партијата на власт на следните локални избори.

Кој од кој или поточно, кој од чиј – почиј… Како да се натпреварувале да стават кандидат чиј родител од „татино-мамините“ синови бил претходно на повисока функција? Или поблизок до началството од Бихаќка за „бонбона бизнис“! Затоа и листата им е таква… Како „канцелариски стаорци“ во скршен излог на  „евтина маалска слаткарница“!

Така некако барем гледа на работите Јорданка Ивановска Јоци – Freelancer Political Science (Politics writer & Campaign assistant), на крај одново поентирајќи со… „пушењето“.

Фото: Фејсбук принтскрин/Јordanka Ivanovska-Joci

 

Останати вести од Радио Милева