Мегафон
пречек на олимпискиот херој

Добредојде за олимпискиот вицешампион, Дејан Георгиевски: Овации на скопскиот аеродром (ВИДЕО)

Добредојде за олимпискиот вицешампион, Дејан Георгиевски: Овации на скопскиот аеродром (ВИДЕО)

Македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски со олимпиското сребро на вратот, пред малку слета на скопскиот аеродром.

Со големи овации Дејан, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од голем број лица на аеродромот.

Вечерва во 19:30 на скопскиот плоштад Македонија ќе има организирано голем пречек за спортскиот херој.