Радио Милева
незаборавно

„Добив солзавец од полицијата“: Кија Коцкар новогодишната ноќ ја помина во Турција, а еве кои се нејзините желби

„Добив солзавец од полицијата“: Кија Коцкар новогодишната ноќ ја помина во Турција, а еве кои се нејзините желби

Победничката на Задруга 1 и пејачка Кија Коцкар се вклучи во емисијата „Премиера“ и во разговорот откри како ја поминала Новата година и што посакала точно на полноќ.

Кија е во Аланија, Турција, каде ја прослави најлудата ноќ.

– Што да кажам, се што сакам за себе, сакам за сите гледачи.

Оваа Нова година ја прославив во Аланија, каде што сум сега. Требаше да одам во ресторан, но се откажав, сакав да излезам во градот, бев во центар, се е отворено! Навистина знаат да се забавуваат, забава имаше до утринските часови, дури добив и солзавец од полиција, се крена гужва по улиците – вели Коцкар, и продолжи:

– Овде сум со мајка ми, таа е тука, но моментално сум сам на пат околу Аланија, возам кола, излегов на ручек, навистина уживам.

Овде ситуацијата е малку порелаксирана, само во некои продавници се носат маски, ништо повеќе. Никој не бара од нас потврда за вакцинација по клубовите, не знам какви се во тој поглед. Топло е, денеска сум во опуштено издание, не е за капење, ама има капачи – вели Кија.

Таа откри кои желби си ги посакала во најлудата ноќ.

-Секако, сипосакав она што со пари не може да се купи, а тоа е здравје и среќа. Не посакав сродна душа, бидејќи мислам дека тоа треба да дојде само по себе. Навистина беше лудо на полноќ, клубовите беа на отворено, се беше полно и сите си играа по улиците, едноставно беше необично – заклучи Кија во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“.

фото: Дамир Дервишагиќ/ принтскрин/инстаграм

Останати вести од Радио Милева