Радио Милева
желбата била преголема но...

„Добив се’ во животот освен едно“: Драгана Мирковиќ проговори на болна тема од својата приватност

„Добив се’ во животот освен едно“: Драгана Мирковиќ проговори на болна тема од својата приватност

По новогодишниот настап на Копаоник, Драгана Мирковиќ се врати во родниот Касидол каде со семејството го прослави Божиќ. Фолк ѕвездата за прв пат за време на празниците откри дека многу страдала бидејќи не и се исполнила желбата да роди трето дете.

‒ Добив се’ во животот освен трето дете, за жал. Малку доцнев со тоа и се преценив. Сите ми велеа: „Ох, изгледаш помлада, невозможно е да си на таа возраст.“ И така малку се заборавив и кога сакав да се израдувам со друго бебе на четириесет години, мојот биолошки часовник беше така што, за жал, не можев да имам трето дете. Тоа е мојата единствена неостварена желба – открила Драгана за „Стар“ и истакнала дека поради тоа долго патела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

‒ Некое време многу страдав, но веќе не затоа што имам прекрасни деца и со нетрпение ги чекам нивните деца, па ќе надокнадам еден ден. Додуша се уште се млади, треба уште да живеат за подоцна да бидат квалитетни за брак. Треба да се забавуваш кога си млад, а кога ќе се омажиш млад, тогаш тој недостаток на забава те фаќа кога не треба, па не им го препорачувам тоа, изјавила Драгана.

фото:Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Останати вести од Радио Милева