Мегафон
јубилејна турнеја

ДНК слават јубилеј: 20 години постоење со македонска турнеја и голем завршен концерт во Скопје

ДНК слават јубилеј: 20 години постоење со македонска турнеја и голем завршен концерт во Скопје

Македонското ар ен би дуо „ДНК“ одбележува 20 години од своето постоење. Јубилејот најавува дека ќе го прослави со концертна турнеја низ Македонија, а завршниот концерт ќе биде во месец октомври  во А1 Арената  „Борис Трајковски“ – Скопје.

По тој повод Панчо и Андреј се огласија со соопштение и до јавноста и до фановите во кое ги објавија датумите и местата на настап и порачаа:

Драги наши,
ДНК годинава слави 20 години постоење. Јубилеј кој за некој не значи ништо но за нас многу, бидејќи знаеме низ што се сме проаѓале за да опстанеме низ сиве овие години.
Најбитно од се е дека се уште работиме со ист жар и ентузијазам како на самиот почеток и уште побитно е дека вие, ПУБЛИКАТА сте исто толку заслужни за оваа округла бројка, бидејќи без вашата континуирана поддршка ние ќе сме биле одамна завршена приказна, односно само една мала убава епизода во нашите животи.
Ви ја најавуваме нашата турнеја низ Македонија каде ќе се дружиме и пееме, и едвај чекаме да ви го соопштиме датумот за финалето кое ќе се оддржи во октомври во арената “Борис Трајковски”.
Со почит,
Панчо и Андреј