Живот и Стил

Дневен хороскоп за вторник, 4-ти јануари 2022-ра

Дневен хороскоп за вторник, 4-ти јануари 2022-ра

ОВЕН

Обземени сте со деловните проблеми. Сепак, тоа не е поле на коешто можете да очекувате важни случувања. Во центарот на вниманието треба да биде еден член од семејството, затоа што од него стасува голема поддршка којашто ќе ве покрене. Внимателно смислете како ќе му се заблагодарите.

БИК

Расположението ви е нестабилно, ова е еден од оние денови кога е подобро да се повлечете и да минете часови во самотија. Вистинската причина за сето тоа е хронична ненаспаност па неуредниот животен ритам стасува за наплата. Почестете се себеси со одмор.

БЛИЗНАЦИ

Време е за селекција. Отфрлете некои нешта кои веќе извесно време ви создаваат големи грижи. Без разлика дали станува збор за човечките ресурси или за проектите, ве очекува тешка одлука поради којашто ќе морате да дојдете во судир со многу луѓе.

РАК
Не поместувајте се од местото. Таман кога ќе помислите дека нешто тргнало, нова препрека ќе ве врати на почетната позиција. Со нервоза ништо не решавате, неопходно е да го сочувате трпението. Денот кој тече носи интересна животна лекција.

ЛАВ

Транзитот на планетите ви носи шанса идеите кои досега биле несфатени, конечно да ги презентирате и да добиете поддршка од колегите од кои најмалку сте очекувале. Ви следи официјално запознавање со влијателна личност со којашто се познавате само површно.

ДЕВИЦА

Не верувајте во разни ветувања со кои ве затрупуваат. Морате максимално да се ангажирате и самите себеси да си помогнете во пронаоѓање решенија. Очекувајте стагнација на сѐ, па поради тоа не се обидувајте да започнете никаква нова работа.

ВАГА

Извесни се ненадејни трошоци, сепак не се нервирајте затоа што ќе успеете да ја стабилизрате ситуацијата. Побарајте поддршка од пријателите. Избегнувајте средба со партнерот, затоа што и еден збор може да биде причина за сериозна кавга.

ШКОРПИЈА

Ве нервира тоа што сте ја научиле вашата околина дека вие сте иницијатор на сѐ. Расположението ви е такво што денеска сакате секоја одговорност да можете да ја префрлите на некој друг, а вашата задача да биде само да бидете весел гостин кој треба добро да си мине.

СТРЕЛЕЦ

Време е да се реорганизирате. Чистењето, како во вашиот дом, така и на работното место, ќе создаде амбиент за реализација на многу деловни проекти. Но, доколку за миг се исклучите од сите професионални активности, ќе сфатите дека центарот на светот не сте вие.

ЈАРЕЦ

Ако ја анализирате рационално својата позиција, ќе признаете дека таа и не е толку лоша. Проблемот е во тоа што сте склони кон лелекање и критикување, па привлекувате такви луѓе околу себе. Слушајќи ја околината упаѓате во песимизам кој всушност воопшто не е ваш.

ВОДОЛИЈА

Денеска сте слаткоречиви кон сите. Вашето добро расположение е всушност маска која ја прекрива вашата несигурност која ве обземака. Потсвесно посакувате со своите добронамерни коментари да ги мотивирате другите да ви го возвратат истото. Ќе се разочарате.

РИБИ

Вистински миг своите планови да ги спроведите во дело, особено ако соработувате со странство. Освен тоа, ваквите транзити можат да најават и интересно познанство со личност која е далеку а која ќе ја сретнете на чуден начин, на пример, преку социјалните мрежи.

извор: Нетпрес