Живот и Стил

Дневен хороскоп (9 август 2021)

Дневен хороскоп (9 август 2021)

ОВЕН

Во овој период ќе бидете дистанцирани од работа и на некој начин ќе ви недостасува мотивација. Од саканата личност очекувате доста, но таа моментално не може да ги исполни сите ваши желби на ова поле. Чувајте ги очите.

БИК

Дајте си себе време да ги разгледате добро околностите во кои се наоѓате. Не е време за големи одлуки. Ќе се препуштите на своите чувства кога е во прашање љубовното поле. Подготвени сте за нова врска. Можни проблеми со забите.

БЛИЗНАЦИ

Во потрага сте за работа која ќе ви пружи можност за напредок во следниот период. Личноста која ви значи некако се повлекла во себе и повеќе не знаете на кој начин да се поставите кон неа. Ситуацијата е се подобра.

РАК

Нови работни проекти се пред вас. Можно е да имате сосема нови случувања на ова поле. Се чувствувате подготвени да излезете од врска во која сте незадоволни веќе некое време. Можни проблеми со белите дробови.

ЛАВ

Ако сте во потрага за работа, пред вас е период во кој некои работи ќе ви се одолговлекуваат. Можно е да не остварите врска со личноста која ви се допаѓа и ќе наидете на нејзино одбивање. Посетете стоматолог.

ДЕВИЦА

Денешниот ден може да ви биде комплициран кога е во прашање работата. Ви доаѓа фаза во која ќе бидете деконцентрирани. Може да очекувате дека ќе ви се укаже шанса за врска со личност која неодамна сте ја запознале. Водете сметка околу холестеролот.

ВАГА

Оптоварени сте со работни обврски и ви се чини дека работите под голем притисок. Не се сложувате со саканата личност. Често доаѓа до конфликт во вашиот однос. Проблеми со кичмата.

ШКОРПИЈА

Среќата денеска, сепак, не е на ваша страна, па не би било добро сега премногу да ризикувате кога е работата во прашање. Може да очекувате комплициран однос со партнерот со кој никако да дојдете до компромис. Без проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Полека се опоравувате од работните промени кои во претходниот период ви нанеле некоја штета. Емоциите ви се слаба точка и многу сте незадоволни. Односот со саканата личност не ви оди како што посакувате. Воспаленија.

ЈАРЕЦ

Во периодот кој доаѓа ве очекува прилика да остварите напредок кој сте го сакале. Поработете на самодовербата ако сакате да имате повеќе среќа на полето љубов. Неопходно е повеќе да се сакате себе. Проблеми со бубрезите.

ВОДОЛИЈА

Тешко прифаќате некои одговорности и добивате желба да се откажете од работата која не ви одговара. Вашиот однос со саканата личност постепено доаѓа до подобрување, и среќни сте. Пад на имунитетот.

РИБИ

Секој работен потег кој ќе го напра ите денеска, подоцна може да го преиспитувате и менувате. Иако вашата љубов кој партнерот е искрена, постојат некои граници до кои сте подготвени да одите во односот со него. Ќе ви годи одмор.

извор: Нетпрес