Живот и Стил

Дневен хороскоп (8 јули 2022)

Дневен хороскоп (8 јули 2022)

ОВЕН

Престојот на четири планети во вашето поле на кариера ви носи прилика да ја остварите својата далечна цел. Ве очекува унапредување. Слободните Овнови можат да запознаат интересна личност во знакот на Водолија или Лав. Проверете го видот.

БИК

Овој период ви носи унапредување во кариерата. Планетарните аспекти ставаат акцент на позитивна работна трансформација. Ве очекува расплет во рамки на несогласувања со партнерот. Комуникацијата се подобрува. Меланхолични сте, депресивни.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е кратко работно патување. Проширете го кругот на соработници и тоа ќе ви донесе просперитет и унапредување на финансиската ситуација. Односот со партнерот преминува во мирни води. Успешно го поминавте несогласувањето. Проблеми со синуси.

РАК

Работните преговори можат да бидат напорни, но ви носат позитивен исход и долгорочно решение на финансиски план. Овој ден поминете го во атмосфера преполна со љубов која го исполнува вашиот однос со партнерот. Стомачни тегоби.

ЛАВ

Престојот на четири планети во вашето поле на приватниот бизнис става акцент на вашето осамостојување и личен напредок во кругот на работниот свет. Љубовната романса со една шармантна Вага или Водолија ви носи нов елан. Изморени сте.

ДЕВИЦА

Девиците кои се занимаваат со креативност ги очекува вистински успех и популарност. Финансиски успех. Почнавте да излегувате со лице кое ве воодушевило на прв поглед, но сепак не претерувате со идеализација. Итно променете го начинот на исхрана.

ВАГА

Невработените Ваги ги очекува добра работна понуда, но ќе се работи за краткотрајно решение во вид на хонорарна соработка. Голем број планети во вашето поле дома и семејството ставаат акцент на тоа дека ќе решите некои семејни прашања. Направете снимка на белите дробови.

ШКОРПИЈА

Главниот акцент на овој ден е успешно заклучена работна задача и нова соработка. Успех со странство. Ја надминавте љубомората и сцените со конфликт во односот со партнерот. Следи хармонизација на вашиот однос со партнерот. Нервоза.

СТРЕЛЕЦ

Доминантна тема на целиот овој ден се финансиите. Работите кои сега ќе ги наметнете можат да ве однесат голем чекор напред. Љубовната романса со лице кое живее во странство може да се претвори во долготрајна врска. Проблеми со жолчното кесе.

ЈАРЕЦ

Голем број планети во вашиот знак ви носат голем напредок во работата и кариерата. Во овој период ви се отвора сјајна перспектива. Слободните очекуваат преминување на границите на колегијалниот однос. Внесувајте повеќе витамини и минерали.

ВОДОЛИЈА

Пред вас се наоѓа понуда која ве носи во друга средина. Послушајте ја својата интуиција, она ви е најдобар водич. Овој ден ви носи можност да влезете во врска со лице кое сте го запознале преку колега. Главоболка.

РИБИ

Поволен период за да развиете приватен бизнис. Можете да воспоставите соработка со компанија од странство и да остварите профит. Романтичен период кога ве очекуваат бројни состаноци со лице кое ви се допаѓа. Појава на егзема, обратете се кај дерматолог.

извор:нетпрес.ком.мк