Компанијата која управува со оставината на Мајкл Џексон ја тужи „Дизни”, зашто во еден од последните проекти на телевизијата Еј-Би-Си, како што наведуваат, дошло до нелегално користење на интелектуалната сопственост на покојниот поп-пејач.
Се работи за специјалната емисија „Последните денови на Мајкл Џексон”, што беше емитувана минатата недела. Во обвинението се вели дека нелегално се користат „делови од највредните песни”, меѓу кои и „Billie Jean”, „Bad”, како и спотовите „Thriller” и „Black and White”.
Компанијата тужител тврди дека во емисијата, исто така нелегално, се користат и исечоци од документарни филмови коишто и припаѓаат.
Еј-би-си смета дека сите процедури околу авторските права се испочитувани.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.