Радио Милева
За убав ден - роденден

Димитар Атанасовски роденденски привилегиран: Секој татко на новороденче се’ би дал за ваков подарок од сопругата (фото)

Димитар Атанасовски роденденски привилегиран: Секој татко на новороденче се’ би дал за ваков подарок од сопругата (фото)

Водителот и маркетинг директор, Димитар Атанасовски на 1-ви септември го прослави својот 35-ти роденден.

Утрото му почна уште во седум часот и тоа како што опиша на најубав можен начин – со будење од сопругата Сара Мејс и ќеркичката Илина кои го изненадија со торта, па заедно дуваше свеќички со наследничката.

Роденденските честитки очекувано се редеа преку целиот ден, а после работа и разно разни обврски, Диме остана дома во кругот на најсаканите, ама енергијата не го држеше многу.

Како тазе татко по вторпат, со новороденче дома, секоја прилика кога бебето спие се користи за сон и за останатите, па славеникот си заспа со синчето, а мама Сара му го препиша тоа како привилегија и роденденско честење од неа.

Како и да е, среќата и веселите моменти се уште поголеми откако Кирил дојде во нивните животи, па љубовта и среќата сега им се дуплирани, а кога има и дополнителен повод за тоа, тогаш се’ е уште послатко.


Среќен роденден!

Останати вести од Радио Милева